More

    Бајден ја шокираше јавноста, Белата куќа итно реагираше

    spot_img

    Американскиот претседател Џозеф Бајден ја шокираше јавноста во средата додека држеше говор за загадувањето и глобалното затоплување. Бајден објави дека има рак, поради што реагираше и Белата куќа.

    Американскиот претседател (79) го коментираше загадувањето кое го предизвикуваат рафинериите за нафта во земјата во која е роден и израснат. Бајден е од Клејмонт, Делавер, држава која долго време го држи црниот рекорд по бројот на заболени од рак.

    – И поради тие рафинерии, јас и многу луѓе со кои пораснав, имаме рак, и затоа Делавер имаше највисока стапка на рак во нацијата многу години – рече Бајден.

    Портпаролот на Белата куќа, Ендрју Бејтс, на прашањето на „Њујорк пост“ дали американскиот претседател има рак, одговори цитирајќи твит на колумнист. Тој објасни дека пред да стане претседател, Бајден имал повеќе немеланомни карциноми на кожата кои биле третирани и отстранети.

    Американската јавност е збунета од фактот дека Бајден користел сегашно, а не минато време кога зборувал за ракот што го имал. Дополнително на конфузијата во гафот на Бајден е извештајот од неговиот лекар, д-р Кевин О’Конор.

    Лекарот во извештајот напишал дека Бајден имал рак на кожата, но тој бил предизвикан од престојот на сонце без носење заштитен фактор, а не се споменува изложеност на хемикалии и загадување. Бајден во младоста работел како спасител на базен, поради што постојано бил изложен на сончевите зраци. Минатата година неговиот лекар во извештајот изјави дека „во моментов нема делови од кожата на претседателот што изгледаат сомнително“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img