More

    Бајден демантираше дека биле злоупотребени хуманитарната помош

    spot_img

    Државниот секретар Ентони Блинкен ги негираше тврдењата дека парите што неодамна беа одмрзнати за Иран биле пренасочени како помош за ненадејните напади на Хамас во Израел, забележувајќи дека тие пари се уште не се потрошени и дека можат да се употребат само во хуманитарни цели.

    – Ниту еден долар од таа сметка всушност сѐ уште не е потрошен – изјави Блинкен синоќа за телевизијата Еј-Би-Си.

    – Како и да било, тие (пари) се грижливо и тесно регулирани од Министерството за финансии за да се осигура дека се употребени само за храна, за лекови и лекарска опрема – додаде тој.

    Портпаролот на Хамас, милитантната група која стои зад нападите, изјави дека за да се изведе нападот тие примиле директна помош од Иран. Блинкен го осуди Иран за неговата постојана поддршка за Хамас, истакнувајќи дека Иран сѐ уште не ги употребил парите што неодамна станаа достапни.

    Администрацијата на Бајден минатиот месец го извести Конгресот дека на банките ќе им биде дозволено да извршат трансфер на шест милијарди долари замрзнати ирански пари како дел од договор за размена на пет американски државјани кои беа во заточеништво во Иран со пет ирански државјани задржани од САД.

    Во договорот пишува дека парите беа префрлени од Јужна Кореја до Катар и дека можат да бидат употребени само за хуманитарни цели.

    Јужна Кореја ги има овие средства откако администрацијата на Доналд Трамп во 2018 година дозволи таа да купи нафта од Техеран. Но исплатата беше замрзната откако во 2019 година САД ги затегнаа санкциите против Иран.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img