More

    Баерн ја одреди казната: Нојер не пишува добро

    spot_img

    Голманот на Баерн, Мануел Нојер ќе биде казнет и одземена од капитенската лента поради непримерни изјави во медиумите, пренесува Bild.

    Нет-мајдерот оваа зима е на мета на челниците на баварскиот клуб. Најпрвин отишол на скијање, кое е забрането за професионалните фудбалери, а успеал да си ја скрши раката поради што морал да оди на операција и да ја заврши сезоната.

    Потоа следуваше интервју, во кое тој ги нападна раководството на клубот и тренерот Јулијан Нагелсман за оставка на долгогодишниот тренер на голманите Тони Тапаловиќ, кој е негов добар пријател и со кој има кумски односи.

    Челниците на клубот остро реагираа и порачаа дека е непримерно капитенот јавно да го клевети својот клуб и да го уништи неговиот углед.

    Германскиот Билд пишува дека Баерн за ова ќе го казни Нојер во износ од една бруто месечна плата, која е 1.600.000 евра, плус ќе му биде одземена капитенската лента.

    Прашање е каков статус ќе има и по опоравувањето, бидејќи и пред сите овие случувања имаше ладен однос со управата на клубот. Општ впечаток е дека во Минхен едвај чекаат да му го видат грбот по сите случувања оваа зима.

    Баерн во јануарскиот преоден рок како негова замена го доведе Јан Зомер од Менхенгладбах, а под договор е и Александар Нибел кој моментално е на позајмица во Монако каде што се претстави добро, па Нојер повеќе не е недопирлив.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img