More

    Автомобилот на Џејмс Бонд продаден на аукција

    spot_img

    Репликата на автомобилот Астон Мартин ДБ5, кој послужи за снимањето на филмот „Нема време за умирање“ од франшизата за Џејмс Бонд, завчера е продадена на аукција за три милиони британски фунти, објави аукциската куќа „Кристи“.

    Приходите одат за хуманитарни цели, како и парите остварени од продажбата на 24 други лотови поврзани со франшизата, а по повод прославата на 60 години Џејмс Бонд. Предмети од 35 други лотови може да се купат онлајн на аукцијата, која ќе трае до 5 октомври.

    Репликата ДБ5, моделот со потпис на агентот 007, е едно од осумте возила специјално дизајнирани и произведени за играниот филм од 2021 година и е единственото возило за каскадер понудено на продажба од Астон Мартин и продукциската компанија ЕОН до денес.

    На аукција се најдоа и други автомобили, филмски костими и предмети поврзани со познатата сага за британскиот шпион.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img