More

    Арсовска обвини за лицемерие откако не доби „амин“ за нови еко-автобуси

    spot_img

    Советот на Град Скопје по втор пат го блокираше предлогот на градоначалничката Данела Арсовска за домашно долгорочно задолжување за набавка на еко автобусите.

    Советниците на Град Скопје кои не дадоа поддршка на предлогот велат дека не добиле доволно информации околу начинот на набавката, додека од Град Скопје изразија жалење што советниците, наместо да ги задоволат скопјани, ги задоволуваат, како што посочија, партиските лидери.

    По седницата, од кабинетот на Арсовска преку писмено соопштение изразија жалење за, како што се велат, одлуката на советниците од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ повторно да си ги задоволат партиските лидери и здружено да работат на штета на скопјани.

    „Скопје има потреба од нови еко-автобуси заради намалување на аерозагадувањето и подобрување на услугите во јавниот транспорт. Сите балкански и европски метрополи континуирано го обновуваат возниот парк, но таму нема ликови на кои „медот“ им е поважен од благосостојбата на граѓаните“, стои во соопштението од Град Скопје.

    Оттаму додаваат дека иако на советниците им била дадена можност самите да ги изберат условите за кредитирањето на проектот и спецификациите за набавка на автобусите, сепак, велат дека партиите се одлучиле да продолжат со своето деструктивно однесување.

    „Наместо да надвладее разумот, надвладеа суетата на двете најголеми политички партии во Македонија. Сметаме дека е крајно лицемерно советниците кои граѓаните ги плаќаат со 500 евра месечно, да не покажат апсолутно никаква грижа за истите тие граѓани“, велат од Градот.

    Арсовска на денешната прес-конференција пред почетокот на 27.седница на градскиот Совет бараше поддршка од советниците за набавка на новите еко автобуси со кои, како што рече, ќе се подобрат условите во јавниот превоз, ќе се намалат трошоците и негативниот ефект врз животната средина.

    Вториот обид на градоначалничката доаѓа по неуспешниот обид пред два месеца кога таа бараше од советниците да биде изгласан нејзиниот предлог за задолжување за набавка на нови еколошки автобуси.

    Според предлогот, се предвидува задолжување на градот за набавка на 50 еколошки автобуси во вредност од 620 милиони денари, односно околу 10 милиони евра.

    Градоначалничката Арсовска за време на нејзината предизборна кампања на локалните избори во 2021 година, во рамки на програмата „За Модерно Скопје“ најави 250 нови еколошки автобуси со коишто се планира да се реши сообраќајниот хаос и да се обезбеди подобра и побрза поврзаност во градот.

    Инаку, на денешната седница советниците не го прифатија ниту предлогот за определување на износ за субвенционирање за купено ново еко возило на хибриден или електричен погон. Со овој пилот проект се предвидуваше Градот Скопје да субвенционира 200 илјади денари по возило.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img