More

    Арсовска обвини дека зад синдикалната закана стојат политички елити

    spot_img

    И покрај паниката која сакаат да ја креираат некои инструментализирани лица, Градот Скопје има непречено, квалитетно снабдување со вода, изјави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на вонредна седница на која говореше за најавата од синдикатите дека ќе го остават Скопје без вода за приење.

    Таа ги повика надлежните институции, Јавното обвинителство и сите оние кои сметаат дека ова е индиција за планирање на попречување на работата и прекин на водоснабдувањето да си преземат соодветни дејствија за да се спречи оваа закана да се реализира.

    Арсовска рече дека сите закани доаѓаат во момент кога е најавена департизација на градската администрација во градот Скопје

    -Сакам да потенцирам дека овие лица кои наводно се борат за правата на десетина вработени лица, треба да бидат доблесни и во целост да ја кажат вистината дека ова што го прават, а најавуваат дека ќе го прават во сите други претпријатија, не е борба за работнички права, туку ако го трнат нападот врз мене и нападите што ги инструментализираат против мене, бидејќи овие политички елити не можат на друг начин да се пресметуваат туку одат со лични напади, сакам да потенцирам работниците не треба да бидат нивна маша за политички пресметки, ова не е борба за работнички права – рече Арсовска.
    Според неа, не смее да се дозволи некој да излезе и да бара оставка од некого затоа што не му се допаѓа, тоа едноставно не е целта на синдикалното организирање.

    Арсовска појасни дека во случајот на „Водовод и канализација“ се работи за прераспределба на десетина лица, хоризонтално, што значи дека на овие лица не им е укинато никакво право.

    -Не им е намалена платата, две од овие лица земаат плата над 60.000 денари, две од нив над 40.00 денари, меѓутоа сега ќе треба да работат. Ова претпријатие има над 1250 вработени и во изминатите 30 години е претворено во биро за вработување на политичките партии најголем дел од нив се амднимистративни кадри, а не технички персонал. Од оваа причина е најавена оптимизација на работните процеси и преквалификација, доквалификација и повеќе нема да можат да не одат на работа и да земаат плата или пак да одат на работа, да не работат и да земаат плата од 60.000 или 40.000 денари и да го оштетуваат буџетот.Критично е и важно да се напомене дека поради тоа што се претвори во биро за вработување, Водовод не ги врши основните функции, а тоа е да инвестира во инфраструктура. Немаме водоводџии и технички персонал, а има огромен број вработени во администрација. Сите кои треба да работат на обезбедување на оваа структура – фекална и атмосферска канализација се агажираат фирми од надвор, значи во исто време се плаќа техничка администрација и фирми кои се плаќаат од надвор фирми да го работат она што треба да го работи Водовод – рече Арсовска.

    Она што сакам да го нагласам, додаде таа, е дека треба да се провери оправданоста на овие кадри, но пред се сметам дека во ниту еден случај во Градот Скопје нема да се дозволи затоа што на некој не му се допаѓа градоначалничката и директорот затоа што не сме партиски марионети да излезе да ги брани неработнички права и да се заканува со прекин на водата на град Скопје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img