More

    Антикорупциската комисија ги анализираше јавните набавки

    spot_img

    Државните институциите вкупно купиле 150 нови службени автомобили во времето на пандемијата, соопшти претседателката на Комисијата Билјана Ивановска. Таа соопшти дека институциите во земјава набавиле 150 возила со вкупна вредност од над 3,6 милиони евра, односно луксузни возила со поединечна вредност од 20.000 до 40 000 евра за коишто, како што вели Ивановска, не се гледа потреба да се купуваат, особено во време на пандемија.

    – Владата треба да донесе одлука за службените возила. Од една страна стега со даноци, а граѓаните ги иритира кога гледаат дека пари се трошат за луксузни возила кои се користат дури и за приватни цели. И кога се работи за службени цели, може да се помине со поевтини возила – рече Ивановска на денешната седница на ДКСК.

    Исто така, според претседателката на ДКСК, загрижувачки е и фактот што државните институции за време на пандемијата и економска криза, продолжуваат да ангажираат надворешни фирми за извршување на работи што треба да ги извршуваат административците кои веќе работат во овие институции. Од Антикорупциска велат дека купувањето службени автомобили и ангажирањето надворешни соработници во државни институции се индиции за корупција.

    Антикорупциската комисија, која по сопствена иницијатива отвори предмет, денеска одлучи да го запре постапувањето со заклучок дека корупција не може да се потврди поради тоа што слабостите се должат „пред сѐ на немање ефикасен систем за набавки во вонредни услови и дека пандемискиот период бил „хаотична ситуација“ во целиот свет“.

    Оттаму велат дека за секоја ситуација во земјава во која се случуваат злоупотреби, особено во време на криза, надлежните треба да се преземат итни мерки и да ги санкционираат раководителите-прекршители.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img