More

    Антикорупциска утврдила незаконитост, ОЈО и МОН експресно ја замолчиле

    spot_img

    Сите ректори зимаат ректорски надоместок иако за професионално извршување на функцијата земаат плата, а нашата иницијатива до Обвинителството беше отвфрлена иако постои законска основа тој да се процесира – изјави претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска на дебатата во организација на Институтот за демократија Социетас Цивилис (ИДСЦ) посветена на формите на корупција присутни во високото образование и улогата на студентите во борбата против неа.

    Ивановска рече дека од бројните пријави што ги добиваат од делот на високото образование произлегува дека таму постои негативна селекција, клиентелизам, непотизам, а она што им паѓа во очи е што пријавите секогаш ги добиваат од анонимни пријавители, односно професори од факултет.

    Проблем е, вели, и задоцнетото пријавување на вакви предмети, така што не може ништо да се преземе бидејќи делото е застарено, па дури и Обвинителство го отфрла поради застареност, но и отфрлање на нивни иницијативи иако постои законска основа за нивно процесирање, посочувајќи го при тоа примерот со ректорскиот додаток.

    – Сме работеле за изборот на ректорот и користење на неговите привилегии. Навистина, утврдивме дека постои законско прекршување бидејќи во Законот точно е дефинирано дека ректорот професионално ја извршува функцијата, дека тој за својот работен однос склучува договор со Сенатот. Во тој договор за претходниот мандат договорот беше вака-така, но меѓутоа сега беше точно напишано, како по порачка, дека ректорот си добива ректорски надоместок, дека си зима плата… Значи, слика и прилика на сегашниот ректор. Нашата иницијатива Јавното обвинителство експресно ја отфрли, тоа е најбрзо решавање по наш предмет и со образложение со истите зборови што ректорот ги кажа. Тука препознавме и негово влијание бидејќи потполно истото беше напишано. За да не се мисли дека субјективно постапуваме, ние испративме до сите универзитети (прашање) на кој начин и како ректорите земаат надоместоци. Испадна дека сите ректори земаат ректорски надоместок, иако за професионално извршување на функцијата земаат плата. Побаравме МОН да постапи за доследно спроведување на Законот, но и од таму добивме одговор многу чуден, во смисла дека се е во ред – појаснува Ивановска.

    Миша Поповиќ од ИДСЦ истакна дека корупцијата во високо образование е важна на два начини бидејќи е важно во овој сектор младите генерации да не ја сведочат корупцијата за да градиме индивидуи кои се спремни да се спротивстават на корупцијата, и затоа што едно современо општество зависи од квалитетот на науката и на образованието.

    Извршната директорка на Младинскиот образовен форум (МОФ) Теодора Столевска истакна дека корупцијата која повеќе ги засега студентите, е присутна, како што вели, при прераспределба на студентски легла, при несоодветна распределба на студентски стипендии, а кај професорите и техничкиот кадар, се препознава кај оние класични продавања на книга за повисока оцена. Но, наведува Столевска, истовремено корупцијата е присутна и кај студентите преку тоа дека многу често се продаваат и купуваат прашања за испити, многу често се користат плагијати при пишување на магистерски и докторски трудови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img