More

    Американците го молеле Иран, а Израел сам ќе одлучи?!

    spot_img

    Ирански безбедносен функционер соопштил дека Соединетите Американски Држави (САД) ја контактирале Исламска Република Иран, барајќи од Техеран да му дозволи на Израел „симболичен напад за да го зачува образот“ по иранската одмазда со балистички ракети и со беспилотни летала, објави американскиот портал Кредл.  Веста ја пренесе и пакистанскиот медиум Самаа.

    – САД побараа од Иран да не возвраќа на тој напад – рекол изворот.

    Иранскиот функционер кажал дека Техеран „целосно го отфрлил“ предлогот на САД, понуден преку дипломатски претставници, и го повторил предупредувањето дека секој израелски напад на иранска територија ќе наиде на решителна и моментална одмазда.

    Службеници на Корпусот на гардата на исламската револуција, а не на иранското министерство за надворешни работи, му го доставиле одговорот на швајцарскиот амабасадор во Техеран, со што на САД им е испратено „силно предупредување“.

    – Иран ги посрами интегрираната радарска мрежа и противракетните системи на САД, како и системите на израелскиот режим. САД дури ги активирале и своите сателити над регионот за да пружат максимална заштита, но не успеаја – додал изворот.

    Американските воени власти претходно соопштија дека очекуваат „ограничен напад“, на Израел против Иран, кој наводно ќе се фокусира на цели надвор од иранската територија.

    Од друга страна, пак, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му рекол на министерот за надворешни работи на Велика Британија, Лорд Камерон, дека Израел „сам ќе одлучи“ како да одговори на иранскиот напад, јавува Би-Би-Си.

    Тој рекол дека неговата влада „ќе стори сѐ што треба за да се одбрани“ за време на разговорите во кои британската влада се надевала дека ќе помогне да се спречи ескалација.

    Нетанјаху постојано ветувал дека ќе возврати на нападот со ракети и со дронови изминатиот викенд, а Камерон му рекол дека секој одговор треба да биде „паметен и ограничен“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img