Бразилка однела мртовец во банка за да ѝ потпише заем

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Жена во Бразил била фатена на снимка како го носи својот мртов вујко во банка за да потпише, наводно, четирицифрен заем на нејзино име, а видеото може да се погледне на британски Телеграф.

Ерика де Суза Виера Нунес во видеото го турка својот починат роднина во инвалидска количка низ банката во Бангу, западно предградие на Рио де Жанеиро. Туркајќи го, таа со рака му ја држи главата исправена.

Вработените во банката почнале да ја снимаат жената откако прашале зошто нејзиниот вујко е толку блед.

– Вујко, слушаш ли? – го прашала телото г-ѓа Нунес додека држела пенкало меѓу неговите прсти и се обидела да потпише документи кои, според локалните медиуми, биле за договор за заем во вредност од 17.000 бразилски реали (2.500 фунти).

На видеото се гледа како жената му кажува на нејзиниот наводен вујко да го фати посилно неговото пенкало додека го охрабрува да го потпише документот, на работната маса пред него, кој се наоѓа покрај неговата лична карта.

Банкарските работници повикале болничари кои потврдиле дека 68-годишниот Пауло Брага починал неколку часа пред да биде внесен во банката.

Жената била уапсена на местото на настанот.

А што ќе се случи со заемот кој требало таа да го добие?

Истрагата ќе открие дали починатиот Брага бил жив кога бил договорен заемот, изјавил началникот на полицијата во регионот, Фабио Луис.

- Advertisement -
Ad image

Истовремено, допрвин треба да се објават резултатите од постапката за утврдување на причината за смртта на вујкото.

Share This Article