More

    Американски сенатор ги пофали изборите во земјава

    spot_img

    Слободните и фер избори се суштински темел на силна демократија, оцени демократскиот сенатор од Вермонт Питер Велч за претседателските избори во земјава, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик.

    „Се надевам дека граѓаните го користат својот глас за да ја обезбедат иднината на Северна Македонија преку зголемени економски можности и зајакнати врски со САД и Европа“, напиша сенаторот Велч на социјалната мрежа Х.

    Минатиот месец, демократскиот сенатор од Вермонт Питер Велч, заедно со демократската сенаторка од Њу Хемпшир Џин Шахин, и републиканските сенатори од Небраска и Северна Каролина Пит Рикетс и Том Тилис, спонзорираа најнова резолуција во Сенатот, со која САД го поддржаа пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ).

    Во резолуцијата, Сенатот ги повика претседателот и државниот секретар на САД, како и европските сојузници, да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со земјава, без дополнителни билатерални услови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img