More

    „АЛКАЛОИД“ ДОНИРА ТЕЧЕН „ОМЕПРЕЗОЛ“ НА ДЕТСКА КЛИНИКА И НА КЛИНИКАТА „КОЗЛЕ“

    spot_img

    „Алкалоид“ АД Скопје донира дел од своите производни количини на иновативнaта формулација „омепразол“ во течна форма, во вкупна вредност од 12.520.800 денари, на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести и на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата – Козле, со цел олеснување на пристапот до соодветен третман во овој дел кај детската популација.

    Со донацијата, како што беше соопштено на денешната прес-конференција во Деканатот на Медицинскиот факултет при УКИМ Скопје, со соодветна терапија ќе бидат покриени околу 200 деца во времетраење од една година.

    Препаратот „омепразол“ во течна форма – готов за употреба е наменет пред сѐ за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ) кај мали деца кои не можат да голтаат таблети, како и кај возрасни пациенти кои имаат тешкотии со голтањето – пациенти со дисфагија и неможност за голтање – пациенти со поставени сонди за гастрично хранење и – или геријатриски пациенти. Иновативноста на овој нов производ се базира на два посебни раствора содржани во двокоморското пакување, појаснија стручни лица, кое при отворањето автоматски ги меша двата раствора и така се добива готовиот течен „омперазол“ за употреба. Производот, беше истакнато, има пријатен вкус на лимон и ментол и не содржи шеќер, сорбитол и бои.

    Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов пред присутните рече дека со оваа донација наменета за децата, како компанија даваат придонес кон олеснување на процесот на лекување и на подобрување на квалитетот на животот на пациентите.

    – Поаѓајќи од нашиот врвен приоритет – луѓето и здравјето пред сѐ, на што се темели компаниската мисија за поздрав живот на секој поединец, „Алкалоид“ со децении помага онаму, каде е најпотребно. Грижата за заедницата во која делуваме, особено онаа насочена кон најмладите, останува наш приоритетен сегмент во компаниското портфолио за општествена одговорност – нагласи Мукаетов.

    Доцент доктор Валентина Цвејоска Чолаковска, медицинскиот директор на Детската клиника се заблагодари на менаџментот на Алкалоид, за долгогодишната соработка со педијатрите, посветеноста и следењето на светските трендови. – Со ова, нам лекарите, ни ја отвораат можноста да ги лекуваме пациентите со најсовремена терапија, по глобалните водичи за голем број болести. И овој пат, повторно, со лек во форма прилагодена за детската возраст. Уште еднаш изразувам благодарност, со уверување дека оваа соработка ќе се продлабочува и ќе се унапредува на задоволство на сите, особено на здравјето на децата, подвлече Цвејоска Чолаковска.

    Доктор специјалист Весна Џамбазовска од Клиниката за респираторни заболувања кај децата – „Козле“ укажа дека овој препарат им бил многу потребен на доенчињата и помалите деца.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img