More

    Александра Пријовиќ на почетокот на овој месец одржа пет спектакуларни концерти во Арена Загреб, а на последниот се нашла на мета на манијак

    spot_img

    Популарната српска пејачка Александра Пријовиќ на почетокот на овој месец одржа пет спектакуларни концерти во Арена Загреб, а на последниот се нашла на мета на манијак, пренесуваат хрватските медиуми.

    Маж со иницијали Г.Г.Р. (65) успеал да заобиколи неколку прстени на обезбедувањето во загрепската Арена, па дури и да стигне до Пријовиќ, која сакал насилно да ја бакне. Не успеал, а со употреба на физичка сила бил исфрлен од салата, а случајот е пријавен во полиција, пренесува новинарот Тони Иванишевиќ во својот сатиричен текст објавен во „Вечерњи лист“.

    Како што се наведува понатаму, човекот веќе им е познат на хрватските органи на власта, а се наоѓа и на потерница на Интерпол.

    „Загрепската полиција известува дека во близина на Арената е пронајден маж со видливи модринки, кој не сакал да каже што се случило“, пишуваат хрватските медиуми и додаваат дека се работи за средовечен маж Г.Г.Р.

    „Сепак, полицијата од обезбедувањето на концертот на Прија дознала дека господинот морал насилно да биде сопрен, бидејќи се обидел да ја бакне Пријовиќ зад бината! Полицијата накратко соопшти дека се работи за Г.Г.Р. (65) од Загреб и дека ова не му е прв инцидент од ваков вид. Наводно, поради сличен испад го бара и Интерпол, бидејќи се обидел да бакне германска политичарка“, се наведува во веста објавена на порталот на горенаведениот медиум.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img