More

    Албанија му оддава почести на лидерот на ДУИ

    spot_img

    Претседателот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети во Албанија доби титулата „почесен граѓанин“ на Тирана.

    На свечената церемонија на доделувањето на признанието, градоначалникот на албанската престолнина, Ерион Велиај, рече дека е чест да му се додели вакво признание на голем човек како Ахмети.

    – Оваа титула му се доделува како признание за неговиот континуиран придонес во заштитата на интересите на Албанците во Република Македонија, растот на политичките, социјалните и економските односи меѓу албанската заедница на Македонија и граѓаните на Тирана и зајакнување на врската меѓу заедниците за да се изгради заедничка клима на соработка и почит меѓу Албанците и Македонците – додаде Велиај.

    За Али Ахмети Тирана и Албанија се „мајка“. Лидерот на ДУИ нагласи дека Албанија, иако сиромашна, секогаш покажувала топло срце за Албанците каде и да живеат.

    – Оваа мајка, Тирана, Албанија, беше сиромашна, но нè грееше во нејзините прегратки. Има стотици маченици, херои на нацијата, кои мајката ги држеше овде во скутот. Сакам да ви се заблагодарам, но еден збор на еден мудар старец порачува: немојте да се заблагодарувате што сите сте работеле во својата област, само добра работа се кажува за сета работа што е направена. Меѓутоа, Албанија со нас сподели леб, сол и срце. Денес Косово е држава, Албанците во Македонија се државотворни – истакна Ахмети.

    Тој му вети на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, дека ќе се обиде да биде достоен граѓанин на главниот град на Албанија, Тирана.

    – Оваа чест ја делам со сите мои соборци, патриоти и политички затвореници во мојата земја и во Косово. Го споделувам со 3.000 убиени луѓе во мојата земја, кои беа убиени за ова знаме, за овој јазик. Ви благодарам многу, со среќа во сите области од животот, кажа Ахмети.

    На свеченоста во Тирана се обрати и албанскиот премиер Еди Рама, кој како што нагласи, високо го цени придонесот на Ахмети за Албанците.

    -Историјата со посилен глас вели дека она што Али Ахмети го направи за унапредување на правата на Албанците во соседната земја и за воздигнување на Албанците во очите на целиот свет, ние останатите не можеме да го дискутираме, но само прифатете го и земете го како лекција, рече албанскиот премиер Еди Рама.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img