More

    Албанец од Косово уапсен за убиство на трудница во Италија

    spot_img

    Ванеса Балан, 27-годишна трудница од Италија е брутално убиена во нејзиниот дом во близина на Тревизо, а за делото е уапсен Бујар Фандај (41), Албанец од Косово и Метохија.

    Ванеса била во третиот месец од бременоста кога осомничениот ја удрил неколку пати по лицето и ја убил со најмалку седум убоди со нож. Телото на трудницата го пронашол нејзиниот сопруг кога се вратил од работа и веднаш ја алармирал полицијата. Тој бил во шок, но успеал да ѝ даде на полицијата корисни информации.

    Веднаш била започната потрага по осомничениот, кој бил уапсен во вторникот вечерта во близина на неговата куќа во Алтиволе.
    Убиецот кој во Италија се доселил од Косово, по професија бил градежен молер и сопственик на фирма за фарбање. Со Ванеса бил во врска околу една година, по што раскинале.

    Ванеса, која работела во супермаркетот Еуроспин во кој доаѓал убиецот, летото се вратила кај сопругот Никола Скапинело (28). Со него има 4-годишен син, а во моментот на убиството била бремена во три месеци.
    Откако раскинале, Фандеј ја демнела, ја следела на работа и ѝ се заканувала. Наводно и рекол дека има интимни видеа од неа и ќе му ги покаже на нејзиниот сопруг.

    На 25 октомври Ванеса и Никола го пријавиле за следење. Два дена подоцна, на 27 октомври, полицијата извршила претрес во неговата куќа и запленила три телефони.

    По ужасното злосторство, тој објавил видеа на TikTok. Двете видеа ја прикажуваат неговата фотографија придружена со аудио снимки.

    „Очите никогаш не грешат, никогаш не лажат, очите не прават граматички грешки, очите имаат совршена дикција. Ни кажуваат дали си добар или лош човек, тие се поглед од срце. Татко ми ми рече дека кога зборуваш, секогаш гледајте ги луѓето во лице и никогаш не го спуштај погледот бидејќи ако погледнеш надолу значи дека имаш грижа на совест“, стои во пораката на првото видео.

     

    Втората снимка има различен тон.

    „Таков сум, веднаш ќе ти го давам срцето, отворен сум и искрен, но немој никогаш немој никогаш да помислиш да ме зафркнеш, бидејќи ако те исфрлам од моето срце, никогаш нема да се вратиш повторно таму“ – вели убиецот во другата порака.

    По убиството се обидел да ја прикрие трагата, па на Инстаграм објави фотографија на која се гледа патоказ на границата со Словенија. Кога полицијата првпат упаднала во неговиот дом, куќата била празна, а неговиот автомобил бил паркиран на патеката.

    На својот Тикток профил убиецот во последно време најчесто објавувал видеа кои алудираат на комплицирани љубовни врски.

    Според партнерот на жртвата, осомничениот бил муштерија на супермаркетот каде што до пред извесно време работела Ванеса Балан – пред да замине на породилно, бидејќи го чекала своето второ дете.

    Како што пишуваат медиумите, тој често ја следел Ванеса, доаѓал на нејзиното работно место и ја малтретирал, а Ванеса во октомври го пријавила за демнење.

    Осомничениот не сакал да одговори на прашањата на истражителите и бил однесен во затвор, додека полицијата се обидува да го открие мотивот за убиството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img