More

    Алармантно: Ракот на дебелото црево се открива доволно рано кај само 11 проценти од пациентите

    spot_img

    Месецот март е посветен на подигање на свеста за ракот на дебелото црево, а податоците на Хрватскиот завод за јавно здравје (ХЗЈЗ) покажуваат дека оваа болест во рана фаза се открива само во 11 отсто од случаите, па поради доцното откривање на болест, петгодишното преживување е околу 51 процент.Кај 33 проценти од луѓето болеста се открива кога веќе се проширила регионално, а кај 13 проценти од луѓето, во моментот на дијагнозата биле присутни далечни метастази.

    Секој ден по шест лица умираат од оваа малигна болест. Во исто време, одговорот на превентивната програма, односно тестирање на крв во столицата, изнесува недоволни 25 проценти.

    На околу 3.600 луѓе годишно им се дијагностицира рак на дебелото црево, од кои 60 проценти се мажи. Оваа болест е почеста кај постарите лица, но речиси една петтина од пациентите се помлади од 60 години.

    Според последните податоци на Регистарот за канцер, во 2020 година на 3.396 лица им бил дијагностициран колоректален карцином, а просечната возраст во моментот на болеста била 70 години.

    Податоците покажуваат пад на инциденцата за околу 10 проценти во споредба со 2019 година, но тоа не е резултат на реално намалување на инциденцата на овој рак, туку на влијанието на пандемијата на Ковид-19.

    Ако ракот на дебелото црево се открие во локализирана фаза кога болеста не се проширила, петгодишното преживување е околу 90 проценти.

    Колоректалниот карцином е еден од водечките здравствени проблеми во Хрватска.

    Министерството за здравство соопшти дека целта, како дел од новата програма за рано откривање на болеста, која ќе се спроведува во ординациите за семејна медицина, е да се зголеми одговорот за најмалку 20 проценти во следните пет години.

    По ракот на дојката и на белите дробови, ракот на дебелото црево и ректумот е најчестиот вид на рак во светот. Во однос на смртноста од малигни заболувања, колоректалниот карцином е на второ место во Хрватска, по ракот на белите дробови.

    Според проценките на Европската комисија за земјите-членки на ЕУ, стапките на инциденца на нови случаи на колоректален карцином се највисоки во Словачка, Данска, Унгарија и Холандија, додека смртноста е најголема во земјите од Источна Европа. Хрватска е на деветто место по инциденца на рак на дебелото црево, а на второ место по смртност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img