More

    Актерот Том Хенкс не можел да го смири треперењето на раката

    spot_img

    Обожавателите на Том Хенкс (65) се загрижија за неговата здравствена состојба, бидејќи славниот актер не можел да го контролира треперењето на својата рака.

    Том одржал говор во Австралија на премиерата на биографскиот филм на Баз Лурман за Елвис Присли, во кој Хенкс го игра менаџерот на пејачот, а среде говорот раката почнала неконтролирано да му трепери.

    – Нема подобро место на светот за снимање филм од овде на Златниот брег – рекол Хенкс, држејќи микрофон во десната рака, додека левата рака му била во џебот.

    Раката почнала да му се тресе, а тој се обидел треперењето да го контролира ставајќи ја левата рака на дното на микрофонот, под десната.

    Хенкс потоа ја сменил раката во која го држел микрофонот, а се гледало дека и понатаму раката му се тресе.

    „Дејли мејл“ објави снимка од говорот и непријатната случка.

    Многумина не го забележале треперењето на обраќањето на Том, бидејќи внимателно слушале што зборува, но кога снимките биле објавени, сите се загрижиле за славниот актер.

    „Што не е во ред со неговата рака?“, „Дали Том Хенкс е болен?“, „Загрижен сум за човекот, погледнете како му се тресе раката“, „Делува дека му е многу непријатно што толку многу му се тресе раката“, коментирале обожавателите на оскаровецот.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img