More

    Академијата на Алијансата за Албанците го поддржа Таравари

    spot_img

    Изразуваме целосна доверба и безрезервно го поддржуваме лидерот на Алијансата за Албанците д-р Арбен Таравари на патот што го трасираше за да се направат сигурни промени во албанскиот политички блок – се вели во заедничката изјава за поддршка на претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, потпишана од 19 членови од Академијата на Алијансата за Албанците, стратешко-советодавно тело одговорно за изградба на партиските политики, кое брои вкупно 25 члена.

    Потписниците во писмото сметаат дека земјата е во сериозна социјална, морална и економска криза и дека главната одговорност и катализатор на оваа криза е Демократската унија за интеграција, која речиси континуирано владее над две децении. Велат дека ваквата состојба не смее и не може да продолжи и дека сега е една прилика која се пружа еднаш во животот за голема политичка промена, сигурна промена.

    Академијата на Алијансата за Албанците броеше 30 членови, од кои двајца починаа, а тројца претходно го напуштија ова тело.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img