More

    Адвокатот Туфегџиќ вели дека треба да постои таква законска можност

    spot_img

    Конфликтот помеѓу градоначалничката Данела Арсовска и неколку директори на јавни претпријатија, која таа ги именувала, кој заврши со нивни разрешувања или оставки, покажува дека треба да постои законска можност за отповикување на градоначаник со референдум за доверба, смета скопскиот адвокат и поранешен судија Владимир Туфегџиќ.

    Тој на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук покрена ваква дискусија и понуди одредени аргументи:

    „Референдум за доверба на избран градоначалник е нужно и итно потребно законско решение.

    Самиот упад на туѓа прес конференција, говори дека во конкретниот случај некој имал огромен интерес и морало веднаш да се реагира со разрешувања. Начинот на кој сето ова денеска е направено, неубедливо без јасни аргументи, без одговори на клучни прашања, отвора сомнеж за инволвираност и скриени мотиви на интересни групи и групации. Денеска не добивме одговор на прашањето кои се луѓето со кои скопскиот градоначалник има конфликт и со која групација нема конфликт. Не добивме одговор на прашањето во што се состои самоволието и непослушноста на луѓето кои се нејзин избор како менаџер на градот. Не добивме одговор на прашањето, што подразбира скопскиот градоначалник во контекст на изборот на изведувачот на работите за 130 милиона евра, а што нема да се квалификува како самоволен и непослушен“ – вели во својот пост на Фејсбук адвокатот Туфегџиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img