Руската амбасада во Македонија на својот Твитер профил вели дека во сѐ повеќе држави има зголемено ниво на русофобија и посочуваат дека сите такви случаи внимателно се забележуваат.
„Привлекуваме внимание на невиденото ниво на русофобија забележано во голем број странски земји во позадина на специјалната воена операција во Украина. Предупредуваме дека сите вакви инциденти се внимателно евидентирани“, велат од амбасадата.