More

    96 новозаболени со ковид-19

    spot_img

    Министерството за здравство информира дека регистрирани се 96 новозаболени со ковид-19, како оздравени се водат 88 пациенти, починати нема.

    Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 1.314 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на ковид-19 од Скопје – 63, Битола – 15, Куманово, Кичево и Берово – по 3, Тетово и Охрид – по 2, Прилеп, Кавадарци, Велес, Штип и Свети Николе – по 1.

    Од вкупниот број на позитивни (83), регистрирани се 13 реинфекции.

    Регистрирани се 88 оздравени пациенти од Скопје – 57, Битола – 8, Охрид и Ресен – по 3, Кичево, Кавадарци, Велес, Свети Николе, Кочани и Неготино – по 2, Куманово, Тетово, Гостивар, Крива Паланка и Демир Хисар – по 1.

    Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.

    Направени се 1.314 тестови преку: ИЈЗ-133, ЦЈЗ Скопје-63, ЦЈЗ Битола-42, ЦЈЗ Прилеп-19, ЦЈЗ Тетово-10, ЦЈЗ Куманово-19, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–97, Жан Митрев (Филип Втори)-26, Авицена-41, Биотек-37, Систина-34, лабораторија Лаор-17, Синлаб-9, Ремедика-20, Плодност-8, Генеа-5, Никоб Лаб-64, ВФВ Медикал-14, Ели Медика Плус-18, Ројал Медика–4, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 615.

    Досега во земјата се направени вкупно 2.041.295 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.038, бројот на оздравени пациенти е 301.202, на починати е 9.293, а бројот на активни случаи изнесува 543.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img