More

    82 проценти од Украинците веруваат дека нивната земја во никој случај не треба да отстапи свои територии како дел од мировен договор со Русија

    spot_img

    Ново истражување покажа дека 82 проценти од Украинците веруваат дека нивната земја во никој случај не треба да отстапи свои територии како дел од мировен договор со Русија.

    Меѓународниот институт за социологија во Киев интервјуираше 2.000 возрасни граѓани на Украина во периодот од 13 до 18 мај при што 82 отсто од испитаниците рекле дека не поддржуваат територијални отстапки.

    Само 10 отсто веруваат дека некои области може да се напуштат за да се постигне мир и да се зачува независноста. Според анкетата, 77 отсто од Украинците кои живеат на територијата окупирана од Русија се противеле на какви било отстапки. На истокот од земјата, каде што моментално се водат најинтензивните борби со руските сили, само 19 отсто од испитаниците се изјасниле дека се подготвени за територијални отстапки, а 68 отсто се против.

    Во јужна Украина, 83 проценти од испитаниците рекле дека се против какви било територијални отстапки, а девет отсто сметаат дека е прифатливо Украина да отстапи територија со цел постигнување мир.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img