More

    77-годишниот Трамп го предизвика 80-годишниот Бајден

    spot_img

    Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој влегува во трка за следен претседател на САД во 2024 година, го предизвика актуелниот претседател Џо Бајден на тест на силата што, според Трамп, ќе вклучува и некои „физички активности“, пренесува Њузвик.

    Откако Волстрит Џурнал ги објави резултатите од истражувањето за тоа што мислат американските гласачи за тоа дали Бајден и Трамп се воопшто способни, ментално и физички, за функцијата претседател, Трамп „збеснал“ што го ставиле во ист кош со 80-годишниот Бајден кој инаку на 20 ноември треба да наполни 81 година.

     

     

    Споменатото истражување покажало дека дури 73 отсто од Американците сметаат дека Бајден е престар за реизбор, додека 47 отсто од нив го мислат истото и за Трамп, кој е само три години помлад од Бајден.

    Трамп тврди дека се работи за лажна и можеби наместена анкета.

    „Од каде им е тоа? Па пред неколку години, јас бев единствениот кој се согласи на тест за ментална способност“, потсети Трамп и ги нападна Фокс Њуз и Волстрит журнал.

    „Ќе го кажам местото и тестот, и ќе биде тешко. Никој нема да ми се приближи! Можеме да внесеме и физичка активност“, напиша поранешниот претседател во друга објава, повикувајќи го Бајден на „двобој“.

    фото: craiyon.com

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img