More

    5 начини да ја загреете просторијата најбрзо и да ја одржувате топла

    spot_img

    За време на студените денови, важно е собите во кои престојуваме да бидат топли и да останат такви што е можно подолго.

    Ова се петте наједноставни начини да го загреете просторот.

    Алуминиумска фолија
    За да не ја изгубите топлината од радијаторот, на задната страна ставете алуминиумска фолија. Ова ќе го пренасочи топлиот воздух кон центарот на собата.

    Завеси
    Наутро ширум отворете ги завесите и пуштете ја утринската светлина што е „заробена“ во прозорците во собата. Затворете ги завесите на сите прозорци пред да одите во кревет. Во повеќето домови, греењето е послабо во текот на ноќта, а завесите ќе спречат топлиот воздух да излегува низ прозорците. Завесите што ги користите во зима треба да бидат што е можно подебели. Тие ќе ја задржат топлината подолго.

    Украсете ги ѕидовите
    Поставувањето фотографии, огледала и слики на ѕидовите ќе спречи загуба на топлина. Дури и подебел постер може да создаде дополнителен слој на изолација, кој ја зголемува температурата во станот и на тој начин ги спречува студените ѕидови да го апсорбираат топол воздух.

    Теписи
    Теписите и ќебињата се многу корисни. Освен што се украсни елементи, тие го спречуваат собирањето на ладен воздух во просторијата. Ако немате добра изолација на подот, дури десет проценти од топлиот воздух може да се апсорбира во студениот под. Теписите се одлични изолатори, а исто така ќе ви ги загреат стапалата.

    Не ги загревајте просториите што не ги користите
    Не ги загревајте ходниците и просториите што не ги користите. Исклучете го греењето во нив и затворете ја вратата за да спречите непотребно губење на топлина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img