More

    41 лице го загуби животот во експлозијата во рудникот во Турција

    spot_img

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека 41 рудар загина во експлозијата во рудник во Бартин.

    – Во експлозија во рудник за јаглен во провинцијата Бартин, на северот на Турција, животот го загубија 41 лице, а 11 од нив се повредени – јавува Би-би-си.

    Турскиот претседател ја откажа планираната посета на југоисточниот град Дијарбакир и најави дека доаѓа во Амасра за да ја води спасувачката мисија.

    Турскиот министер за енергетика, Фатих Донмез изјави дека прелиминарната истрага покажува дека причина за експлозијата е руднички – запаллив гас пронајден во рудниците за јаглен.

    Експлозијата се случи на 300 метри од влезот во рудникот вчера околу 15.15 часот, соопшти кабинетот на гувернерот на Бартин.

    Во моментот на експлозијата во рудникот имало околу 110 луѓе, од кои речиси половината на длабочина од 300 или 350 метри под земја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img