More

    34 граѓани пријавиле сомнително труење во 10 болници низ Хрватска. Го носиме списокот

    spot_img

    Вкупно 34 лица се пријавиле кај лекарите во различни делови на Хрватска поради сомневање за труење од газирани пијалоци.

    Најмногу пациенти дошле во КБЦ Загреб, 17. Од нив двајца се со ерозивни повреди, но никој не е задржан на болничко лекување. Шест пациенти дошле во КБЦ Сестре милосрдница, а сите шест биле отпуштени дома, а кај ниту еден не биле констатирани ерозивни повреди. Во клиничката болница Меркур во Загреб се пријавиле двајца пациенти. Еден е задржан на болничко лекување, а еден е отпуштен дома.

    Еден пациент е задржан и во болницата во Риека.

    Докторите ги контактирале уште тројца пациенти во Сплит и по еден во Карловац, Вараждин, Винковци, Чаковец и Вировитица. На пациентот во Вараждин му биле констатирани ерозивни повреди, но не бил задржан на болничко лекување.

    Министерство за здравство на Република Хрватска
    Да потсетиме, хрватската јавност беше вознемирена од случаите на сомневање за труење од газирани пијалоци низ целата земја. Поради нив, Државниот инспекторат нареди повлекување на дел од производите на компанијата Кока Кола и и забрани на компанијата да става нови производи во продажба додека не се утврди дека се безбедни за потрошувачка. И трговските ланци и угостителските објекти почнаа да отстрануваат дел од асортиманот поврзан со оваа компанија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img