More

    20-годишно момче ги објавило документите на Пентагон

    spot_img

    Дваесетгодишно момче, кое работело во воена база, а било голем љубител на оружје, е лицето кое е одговорно за објавување на доверливите американски документи, што поттикна истрага за националната безбедност на САД, јави Вашингтон пост, повикувајќи се на членови на социјалната мрежа Дискорд.

    Од Њујорк Тајмс пак, успеале да помуабетат со 20-годиишникот. Тој самиот се смета за интернет-ѕвезда, а познат е под прекарот Wow Mao, на нашки Леле Мао. Има 250.000 следбеници на Јутјуб. Мао бил модератор во форумите на социјалната мрежа Дискорд. Тој за Тајмс вели дека ги споделил информациите преку играта Мајнкрафт, а дека потоа биле раширени по „најлудите делови на интернетот“.

    – Такви луѓе ќе ги најдат овие документи – губитници. Од нив навистина треба да се плаши американската влада – изјавил тој.

    Мао не сакал да го открие својот идентитет за весникот, но рекол дека има Филипинско и британско потекло. Tој се пофали и дека ги протекол документите во свое видео на Јутјуб.

    Оружје, опрема и Бог

    Според извештајот на американскиот весник, лицето споделило доверливи информации на платформата за пораки во група со дваесетина мажи кои делат „заедничка љубов кон оружјето, воената опрема и Бог“, пренесуваат британските медиуми.

    „Вашингтон пост“ својот извештај, во кој не го именува лицето, го засновал на разговор со двајца членови на групата на Дискорд, а британски Ројтерс наведува дека засега не може да добие независна потврда на ваквите наводи.

    Момче од „старата школа“

    Лицето, според сведоштвата, себе си на Интернет се опишувало како „припадник на старата школа“,  додека еден извор на „Вашингтон пост“ го опишува како некој во раните до средината на 20-тите години, кој бил пример за другите членови на групата.

    „Тој е во форма. Тој е силен. Тој е вооружен. Трениран. Тој е речиси сè што би очекувале од луд филм, изјави еден од членовите на групата, кој имал помалку од 18 години и зборувал под услов да остане анонимен, откако претходно боила обезбедена дозвола на неговата мајка“, јави Вашингтон пост.

    Дискорд во вчерашното соопштение рече дека соработува со американските власти, откако Министерството за правда на САД минатата недела и официјално отвори кривична истрага.

    Меѓу најизненадувачките информации објавени во протечените документи беа оние дека Украина би можела да остане без муниција за противвоздушните системи до 23 мај бидејќи многу брзо ја троши, а Западот бавно ја снабдува. Се велеше дека ова би го охрабрило Владимир Путин да започне бомбардирање со Су-57.

    Освен за евентуалниот застој на војната документите сугерираат дека САД ги прислушувала своите сојузници, меѓу кои директно Украина и Јужна Кореја. Во случајот со Јужна Кореја беше сугерирано дека земјата е под притисок од САД да испрати оружје за Украина. Вчера беше објавено дека Јужна Кореја ќе испрати пола милион артилериски бомби за САД кои потоа би можеле да бидат префрлени во Украина.

    Извештаите открија и дека Египет планирал да ја помогне Русија со артилериска опрема. Во врска со Србија, графикони во досиејата сугерираат дека земјата се согласила да ѝ достави оружје на Украина, па дури и дека веќе тоа тајно било доставено. Овие наводи ги негираше српкиот министер Вучевиќ.

    Една од неочекуваните информации беше дека околу 100 војници на НАТО се сместени во Украина и учествуваат во војната, а дека половина од нив се Британци.

    Се смета дека поради документите, Украина веќе е принудена да ги менува своите воени планови за пролетната офанзива.

    Она што беше спорно во документите беа објавените бројки на жртви од украинска и од руска страна за кои се шпекулира дека можно е да биле манипулирани, односно дополнително уредувани.

    Се отвори и прашањето во однос на прислушувањето кое САД го извршило врз своите сојузници. Се смета дека украинските власти биле изненадени и фрустрирани од овој факт.

    Познато е дека САД добиваат разузнавачки информации и од Петте очи, во кои освен Американците членуваат и Велика Британија, Австралија, Канада и Нов Зеланд.

    Колкава штета може да предизвика протекувањето?

    Документите би можеле да им наштетат и на Украина и на САД на неколку начини. Димитриј Алперович, претседател на тинк-тенк „Silverado Policy Accelerator”, изјави за „Вашингтон пост“ дека документите иако се стари неколку недели, Москва може да добие вредни информации од нив.

    Тој додава дека со нив може да се открие кое западно оружје е веќе на бојното поле, колку украински војници се способни да ги сервисираат и како Украина има намера да се одбрани од руските напади.

    Дополнително, како што пишува „Њујорк тајмс“, документите покажуваат до кој степен рускиот безбедносен апарат е проникнат со американско разузнавање.

    Си-Ен-Ен објави дека американската влада ја потврдила автентичноста на објавените документи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img