More

    15-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈКА НА АВТОПАТОТ КАЈ КАДРИФАКОВО

    spot_img

    Три жртви во тешката сообраќајна несреќа на автопатот Штип – Свети Николе на околу половина километар од патарината кај село Кадрифаково. Несреќата се случила во 12:10 часот меѓу две возила.

    Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, најпрво потврди дека станува збор за несреќа во која животите на самото место ги загубиле 15-годишно девојче и 62-годишна жена, а подоцна соопшти и за третата жртва – 37-годишна жена.

    Бројката на жртви во сообраќајната несреќа е три, а во моментов во штипската Клиничка болница се хоспитализирани четворица повредени лица.

    Возила на Брза помош и на Територијалната Противпожарна единица – Штип се на терен, сообраќајот на автопатот во правец од Штип до клучката кај Кадрифаково е во прекин, а полицијата го пренасочува по стариот регионален пат.

    Во моментов во тек е увид од страна на истражните органи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img