More

    10 пратеници од власта откажуваат послушност, тврди ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    Ковачевски и Груби не можат да убедат 10 свои пратеници да гласаат за уставни измени, паника во Владата, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение:

    -„Ковачевски не кажува дали тројца пратеници СДС од 1 и 2 изборна единица кажале дека нема да поддржат вакви уставни измени. Ковачевски молчи и дали 6 пратеници од внатрешноста му кажале дека гласањето на уставните измени е најлошата работа која Владата може да ја направи. Ковачевски знае дека нема поддршка за своите политики. Во СДС има луѓе кои ја сакаат државата, и не се спремни на отстапките и лоши политики кои ги води врвот на партијата. Ковачевски го знае ова и затоа е голема и паниката. Уште поголема е паниката, затоа што и еден пратеник на ДУИ побарал пари за да гласа за уставни измени. Ковачевски и Груби се соочуваат со реалноста, ветија работи спротивни на народната волја, и сега ги гледаат последиците“, се вели во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img