More

    Ќе дозволи ли Финска поставување на ваков систем?

    spot_img

    Финска би можела да дозволи на нејзина територија да се постави нуклеарно оружје на НАТО на оддалеченост од 1000 километри од Москва, откако финскиот претседател Саули Ниинисто рече дека „нема предуслови“ за пристапување на земјата во Алијансата, пишува Њузвик. Порталот, сепак, вели дека официјални лица од Финска изјавиле оти овој потег во моментов е малку веројатен.

    – Финска бара да стане членка на НАТО, точка. Ништо повеќе, ништо помалку. Немаме некои посебни барања или резерви кои би ги поставиле како предуслови за нашето членство – рече Ниинисто на инаугуративниот Хелсиншки безбедносен форум викендов.

    Се шпекулира и дека Финска нема да го издржи притисокот и дека ќе побара од НАТО ова да не биде услов за нејзино зачленување. Меѓу другото, премиерката Сана Марин изјави претходно оваа година дека НАТО нема интерес за бази или нуклеарни распоредувања.

    Финска и Шведска треба да станат 31. и 32. членки на НАТО, во очекување на ратификација од унгарскиот и турскиот парламент, што властите веруваат дека ќе се случи во наредните месеци. Нивната заедничка одлука за приклучување кон трансатлантскиот сојуз става крај на повеќедецениската политика на воена неутралност во Хелсинки и Стокхолм.

    Претстојното двојно пристапување ќе ја трансформира геостратешката ситуација во северна Европа. Балтичкото Море ќе стане она што некои набљудувачи го нарекоа „езеро на НАТО“, додека границата меѓу Финска и Русија долга 1.300 километри ќе стане новата линија на фронтот на НАТО со Москва.

    Прашањето за членство е целосно решено. Но, прашањето дали двете држави ќе бидат домаќини на нуклеарно оружје не е. За среќа, инволвираните страни сугерираат дека тоа е малку веројатно.

    Ниту една земја што досега се приклучила на алијансата од распадот на Советскиот Сојуз не е домаќин на нуклеарно оружје.

    Од друга страна, Русија има неколку нуклеарни постројки блиску до границите на Финска. Тие вклучуваат интерконтинентални балистички ракети базирани во Виползово, на околу 500 километри од границата, и неколку подморнички бази со нуклеарно способни, на 250 километри од границата со Баренцовото Море.

    Финската премиерка Сана Марин во мај рече дека Алијансата не покажала желба да постави такво оружје на финска територија.

    – Никој нема да дојде кај нас да ни наметне нуклеарно оружје или постојани бази, ако не ги сакаме – рече Марин во Рим.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img