More

    Јавниот обвинител влегува во управен одбор на Академијата за судии и обвинители?

    spot_img

    По предлог на Советот на јавни обвинители, новоизбраниот шеф на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, ќе биде и член на управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители, каде што неговата сопруга треба да полага завршен испит, објави Телма.

    Ваквиот предлог денеска бил ставен на маса за време на седницата на Советот на јавни обвинители. Предлагач бил заменик-претседателот на Советот, Арбер Исаку, а останатите членови без проблем го изгласале.

    Како што пренесува телевизијата, токму сопругата на Абази ја привршува обуката на Академијата која е составена од теоретски и практичен дел и најдоцна до крајот на годината со колегите од генерацијата треба да полага завршен испит, пред да може да биде избрана за судија или обвинител.

    Претседателот на Советот на јавните обивнители Антонио Јолевски во телефонски разговор за Телма вели дека немал информација оти сопругата на Абази е на обука во Академијата и покрај тоа што медиумите известуваа за тоа и тој самиот потврди во првата изјава по изборот. Јолевски најави дека ќе провери и доколку е така смета дека постои судир на интереси и дека в понеделник на седницата ќе предложи измена на одлуката.

    Освен Абази за член на УО, избрана е и Фиданка Рајевска која е член на Советот на јавни обвинители од редот на обвинителите, а како заменици се предложени Бурим Рустеми и Ристе Бојаџиски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img