More

    Членовите на музичката сензација БТС мора да одат во војска

    spot_img

    Членовите на светската музичка сензација, јужнокорејската група БТС штотуку го најавија одењето на отслужување на воениот рок. Тие повторно ќе се сретнат во 2025 година.

    Фановите на БТС со години стравуваат од оваа најава. Години на чекање за одлука која никогаш не дошла: Дали јужнокорејската влада, да или не, ќе ги ослободи седумте уметници од воениот рок, дозволувајќи им да изведуваат приспособена верзија како што правеле другите спортисти или класични музичари пред нив? Но, можеби изморени од толку многу неизвесности, РМ, Џин, Суга, Џеј Хоуп, Џимин, В и Џангкук навидум самите одбрале, пред официјалната одлука. И додека неколку политичари продолжија да се сомневаат пред неколку недели, агенцијата BIGHIT MUSIC во понеделникот со соопштението го најави идното заминување на своите членови во војска.

    „BIGHIT MUSIC денеска со гордост објавува дека членовите на БТС моментално се подготвуваат за служење на воениот рок“, се вели во соопштението за јавноста.

    За потсетување, воениот рок во Јужна Кореја, земја која сѐ уште е во војна со Северна Кореја, е задолжителен за сите мажи на возраст од 18 до 28 години. Врз основа на нивниот неверојатен глобален успех, нивните културни достигнувања и нивното неспоредливо влијание врз економијата на земјата, на членовите им беше одобрено ослободување од поранешниот претседател Мун што им овозможи да ја одложат оваа должност до нивните 30-ти. Многумина се надеваа дека политичката одлука тогаш ќе им овозможи да ја продолжат својата кариера, користејќи го аргументот за нивната важност за имиџот на нацијата. Членовите на БТС вистински симболи на јужнокорејската мека моќ, во последниве години одиграа улога која далеку ја надминува нивната музичка кариера. Тие се амбасадори на УНИЦЕФ, специјални пратеници на претседателот Мун во ОН, примателите на дипломатски пасоши, беа поканети од американскиот претседател Џо Бајден да зборуваат за расизмот во Белата куќа… брилијантно ја извршија секоја своја мисија.

    Во саботата повторно одржа бесплатен концерт, собирајќи повеќе од 50.000 луѓе во градот Бусан и милиони луѓе онлајн, за да ја промовира кандидатурата на пристанишниот град за следната Универзална изложба ЕКСПО 2030. Само нивното име привлече обожаватели од целиот свет, кои дојдоа да ги прослават своите идоли.

    Тие се мулти добитници на едни од најважните музички награди, со први места на сите светски топ листи и со продадени милионски албуми ширум светот…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img