More

    Четири знаци дека на вашето тело му недостасува витамин К

    spot_img

    Витаминот К е исклучително важен за нашето тело, а има два главни типа: К1 и К2. Витаминот К1 игра важна улога во згрутчувањето на крвта, додека К2 е поважен за здравјето на коските, регулирање на растот на клетките и спречување на артериска калцификација, објаснува нутриционистот Ерика Јулсон.

    Постојат четири не толку очигледни знаци дека вашето тело има недостаток на витамин К.

    Прекумерно крварење или бавно згрутчување на крвта
    Кога ќе се исечете и крвта не се згрутчува доволно брзо, може да изгубите значително количество крв. Ова исто така го зголемува ризикот од смрт од повреди.

    Труењето со витамини може да биде многу опасно! Внимавајте со количината

    „Предупредувачките знаци може да вклучуваат обилни менструации, крварење од носот, крв во урината или столицата и крварење на непцата“, вели Јулсон.

    Нутриционистката Шерил Бакли додава дека витаминот К работи заедно со ензимот потребен за синтеза на протромбин, протеин вклучен во згрутчувањето на крвта.

    Слаби коски
    Витаминот К, исто така, игра важна улога во здравјето на коските, а некои истражувања го поврзуваат повисокиот внес на витамин К со поголема густина на коскените минерали и помал ризик од фрактури на долниот дел на колкот.

    „Недостаток се јавува кога телото нема доволно витамин К за оптимално да ги поддржи функциите како што се здравјето на коските и срцето“, вели Јулсон.

    Срцеви проблеми
    Недостатокот на витамин К може да биде поврзан и со некои срцеви проблеми.

    „Кога нивоата на витамин К се ниски, калциумот може да се депонира во меките ткива како артериите, наместо во коските“, вели Јулсон.

    Не само што ова го нарушува здравјето на коските, туку може да се развие и васкуларна калцификација, што е фактор на ризик за коронарна срцева болест. Луѓето со хронична бубрежна болест имаат значително поголем ризик од васкуларна калцификација, пишува The Healthy.

    Имате симптоми на артритис
    Кога нивото на витамин К е премногу ниско или имате недостаток на овој витамин, вашите коски и ‘рскавица може да не ги добијат сите минерали што им се потребни. Ова може да доведе до поголем ризик од остеоартритис – иако истражувањето во оваа област сè уште е прелиминарно.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img