More

    Хрватски ИГХ не достави банкарска гаранција

    spot_img

    Јавното претпријатие за државни патишта го поништи тендерот на кој за надзор врз изградбата на новите автопати беа избрани фирми од Хрватска и од Македонија, тврди македонскиот портал „Фактор“.

    Раководството на ЈПДП за „Фактор“ соопштило дека постапката е поништена и договорот што беше потпишан минатата недела е неважечки, затоа што добитникот на тендерот не доставил банкарска гаранција на износ од 2,6 милиони евра.

    „Со оглед на фактот што по извршениот избор најповолниот понудувач не го испочитува рокот за достава на Банкарска гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот за Надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор VIII и Коридор X-d.кој беше до 05.08.2022 година со што ја прекрши Изјавата за сериозност, договорот нема правно дејство и можност за реализација“ – се вели во одговорот на ЈПДП.

    Како што веќе објави Плусинфо, договорот беше склучен на 3 август годинава помеѓу ЈПДП и групата понудувачи предводени од „ИГХ Институт“ од Загреб, Хрватска. Вредноста на договорот изнесуваше 22,6 милиони евра, а во информацијата што ИГХ Институт ја достави до Загребската берза пишуваше дека таа на тендерот настапила заедно со македонска фирма со назив „Институт за патишта“ со седиште во Велес.

    Хрватската фирма ИГХ Институт постои повеќе од 70 години и нејзина специјалност е консалтинг, надзор и анализи при изградба на објекти. На нивната веб страница пишува дека оваа компанија има лаборатории кои се акредитирани за 500 методи на различни испитувања.

    Нема детална инормација за тоа зошто партнерите затаиле со предавање на банкарската гаранција.

    Македонската фирма „Институт за патишта ДООЕЛ“ Велес е основана со влог од 5.000 евра и за неа нема достапни финансиски податоци. Сопственик е гевгеличанецот Сотир Ампов, по струка економист и сметководител. На прашање на Плусиноф да го коментира поништувањето на договорот со ЈПДП, во кој требаше да биде партнер со хрватскиот ИГХ, Ампов рече дека во овој момент не може да коментира.

    Според базата на податоци за јавни набавки оваа компанија досега добила два тендери од ЈПДП, минатата година, за надзор над граежни работи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img