More

    Украина: Дел од хуманитарните коридори не функционира. Ситуацијата е многу тешка

    spot_img

    Утринава заменик украинскиот министер за здравство Олексиј Јаременко зборуваше за Скај за тешката хуманитарна ситуација во Украина.

    Тој рече дека руските сили продолжуваат да таргетираат станбени области, болници и згради низ Украина. „Во некои региони хуманитарните коридори не функционираат. Не можеме да носиме лекови, вода и храна во градовите, особено во Мариупол и Чернихив“, рече Јаременко.
    „Ситуацијата е многу тешка. Навистина треба да отвориме хуманитарен коридор за да им донесеме лекови на луѓето во болниците“. Јаременко рече и дека Украина досега добила повеќе од 2.600 тони лекови и медицинска опрема. Сепак, тој истакна дека им треба повеќе.

    Конкретно за Мариупол рече дека последните 36 дена не можеле да достават лекови до тој пристанишен град. „Всушност, немаме јасна слика колку е тешка хуманитарната криза таму, но таа беше критична во последните неколку недели“, заклучи заменик-украинскиот министер.

    Русите запленија хуманитарна помош
    Потсетуваме, руското Министерство за одбрана најави дека во петок повторно ќе го отвори коридорот за евакуација од опколениот град Мариупол до Запорожје.

    Според украинските власти, конвоите наишле на неколку проблеми во четвртокот, вклучително и руските војници кои запленија хуманитарна помош и блокираа автобуси, јавува Си-Ен-Ен.

    „Руските сили во четвртокот запленија 14 тони хуманитарна помош од автобуси кои одеа кон Мелитопол во јужна Украина“, изјави Ирина Верешчук, министерка на Украина за реинтеграција на привремено окупираните територии.

    Верешук рече дека храна и лекови биле натоварени во 12 автобуси.

    Руските сили, исто така, блокираа 45 автобуси кои одеа кон Бердјанск во четвртокот на пат кон Мариупол, додаде таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img