More

    Тренерот на Ливерпул е гладен за голови

    spot_img

    Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, не е задоволен од ефикасноста на своите избраници на синоќешниот натпревар со Ајакс во Лигата на шампионите.

    „Црвените“ на „Енфилд“ победија со 2:1 со голот на Жоел Матип во 89. минута.

    – Мислам дека сите ја видоа промената на нашата игра. Момците го направија тоа, имавме многу добри шанси во натпреварот против силен противник. Постигнавме први гол и требаше да продолжиме со такво темпо. Не сум сигурен дали голот на Ајакс им беше прв напад на натпреварот, но немаа многу шанси. Во нашата ситуација се покажува дека сѐ може да се случи. Затоа треба да ја подобриме ефикасноста и да ги реализираме шансите. Ништо не е завршено. Ова е првиот чекор, многу важен чекор. Сега имаме чудна пауза, прилично долга – изјави тренерот на Ливерпул.

    Во А-групата, Наполи е прв со три бода од еден натпревар. Ливерпул и Ајакс имаат исто така по три од два натпревара. Ренџерс е последен без бодови по еден одигран натпревар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img