More

    Товарен брод со 750 тони дизел на пат од Египет кон Малта потона денеска кај југоисточниот брег на Тунис, но засега нема истекување гориво

    spot_img

    Товарен брод со 750 тони дизел на пат од Египет кон Малта потона денеска кај југоисточниот брег на Тунис, но засега нема истекување гориво, изјави портпаролот на локалниот суд Мохамед Кари.

    „Бродот потона утрово во територијалните води на Тунис. Засега нема истекување гориво“, рече Кари.

    Тој додаде дека „сега ќе се состане комисија за спречување катастрофи и ќе одлучи какви мерки да преземе“.

    Министерството за животна средина соопшти дека бродот во петокот побарал влез во територијалните води на Тунис поради лошите временски услови.

    Бродот, изграден во 1977 година со знаме на Екваторијална Гвинеја, исплови од египетското пристаниште Дамиета за Малта. На околу седум километри од заливот Габеш, водата почнала да навлегува во бродот и машинската соба набрзо била поплавена бидејќи нивото на водата достигнало два метра.

    Туниските власти евакуираа 7 членови на екипажот, грузијскиот капетан на бродот, 4 турски морнари и 2 од Азербејџан.

    Екипажот накратко бил хоспитализиран, а потоа сместен во хотел.

    Министерството за животна средина предупреди дека постои ризик од истекување на гориво во морето и дека министерствата за одбрана, внатрешни работи, транспорт и царина работат на спречување на можна „поморска, еколошка катастрофа во областа“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img