More

    Среќата не им ја расипаа ниту приказните дека ја изневерил

    spot_img

    Моделот Бехати Принсло и фронтменот на бендот „Марун 5“ Адам Левин го добија своето трето дете, пишува американскиот магазин „Пипл“.

    Бехати Принсло и Адам Левин ги имаат ќерките Џио Грејс (4) и Дасти Роуз (6), а во моментов не открија повеќе детали за нивното трето бебе.

     

    Двојката долго време јавно зборува за проширување на семејството, а познатата манекенка пред пет месеци за „Пипл“ потврди дека ќе стане мајка по третпат.

    Прекрасната вест дојде речиси во исто време кога се огласи наводната поранешна љубовница на музичарот, Самнер Строхов, велејќи дека таа била во врска со Левин една година и дека нивната врска започнала во 2014 година кога тој веќе бил во брак со Бехати Принсло.

    „Жал ми е што бев со човек кој нема ни трошка почит ниту каење“, порача оваа девојка во видеото кое го објави на социјалните мрежи и додаде: „Имав афера со маж кој е во брак со познат модел и ангел на „Викторијас сикрет“.“

     

    Таа откри и прилично шокантен детаљ: „Сигурна сум дека знаете кој е Адам Левин. Тој и јас се гледаме околу една година. Кога неговата сопруга забремени (по третпат), Левин наводно ѝ рекол : „Очекувам уште едно дете. Ако е момче, би сакал да го именувам по тебе, би сакал да се вика Самнер. Дали е тоа во ред со тебе?“.

    Според оваа девојка, двајцата некое време не се слушнале, а потоа тој повторно ја контактирал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img