More

    Специјалните единици на косовската полиција стигнаа на Јариње

    spot_img

    Три џипови „Хамер“ и уште неколку возила со припадници на специјалните единици на таканаречената косовска полиција пристигнаа пред неколку моменти на новиот пункт на половина километар од административниот премин Јариње меѓу Косово и Србија, пренесуваат српските медиуми.

    Вчера на овој пункт кој сѐ уште е во изградба дежурала екипа со едно оклопно возило. Пред пет дена, конвој возила на специјалните единици на косовската полиција пристигна на административниот премин Брњак.

    Новите сили на косовски полицајци изминатите неколку дена редовно се во близина на административните премини во Косово. Експертите оценуваат дека тоа носи големи немири кај локалното српско население. Постигнат е договор за лични документи меѓу Белград и Приштина, но тензиите сѐ уште се присутни. Еден соговорник за „Новости“ изјавил дека мирот мора да се зачува, но дека не ѝ верува на Приштина.

    – Ние не им веруваме и нема да им веруваме. Ако Приштина немаше некаков план, немаше да донесат овде орди на специјални сили вооружени до заби  – вели Србин од една од косовските северните општини.

    Според очевидци, пред куќите на цивилите има оклопни возила на таканаречената специјална полиција на Косово. Наводно, зголемено е и присуството на КФОР, а меѓународните воени единици дежураат на два километри од новата база на специјалните полициски сили кон Лепосавиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img