More

    Со хиперсонично оружје е уништено големо подземно складиште со муниција

    spot_img

    Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руската армија со хиперсонично оружје уништила голем украински подземен склад за ракети и муниција за авиони во регионот Ивано-Франковск, објавоија западните медиуми.

    Министерството, исто така, соопшти дека се уништени украинско воено радио и извидувачки центри во близина на Одеса со помош на крајбрежен ракетен систем.

    – Авијацискиот ракетен комплекс „Кинџал“ со хиперсонични аеробалистички ракети уништи големо подземно складиште на проектили и авијациска муниција на украинските сили во селото Дељатин – изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

    Западните медиуми додаваат дека не можат независно да го потврдат соопштението на Министерството за одбрана на Русија.

    Борби во Мариупол за една од најголемите челичарници во Европа

    Во опколениот пристаништен град Мариупол, украинските и руските сили се борат за фабриката за челик Азовстал, една од најголемите во Европа, изјави денеска советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Вадим Денисенко.

    Сега е борбата за Азовстал. Можам да кажам дека го загубивме овој економски гигант. Всушност, една од најголемите металуршки фабрики во Европа тукушто се уништува, истакна Денисенко во телевизиско обраќање.

    Мариупол, со својата стратешка позиција на брегот на Азовското Море, е мета од почетокот на војната на 24 февруари.

    Генералштабот на украинската армија доцна синоќа соопшти дека при руската опсада на Мариупол е изгубен пристапот до Азовското Море.

    Русија вчера соопшти дека нејзините сили го „затегнуваат обрачот“ околу Мариупол, каде се проценува дека се оштетени 80 отсто од зградите и куќите, а се сомнева дека околу 1.000 луѓе се уште се блокирани во импровизирани засолништа под уништениот театар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img