More

    СОНК: Се уште не сме повикани во Владата и немаме никаков предлог од нивна страна за кој би можеле да разговараме тука во синдикатот

    spot_img

    Се уште не сме повикани во Владата и немаме никаков предлог од нивна страна за кој би можеле да разговараме тука во синдикатот, вели во изјавата за Плусинфо, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, кој пред три дена го означи генералниот штрајк во училиштата и градинките.

    Тој посочи дека е во комуникација со Министерството за култура, од каде, пак, наводно чекале пресметки од Министерството за финансии за можните покачувања на платите во училиштата и во градинките, како и дозвола од Владата на Република Македонија.

    – Навистина не знам кога ќе заврши нашиот штрајк. Како што во моментов стојат работите ќе штрајкуваме и утре. Дури и да не поканат вечер на преговори во Влада и под претпоставка дека ќе добиеме позитивен одговор на нашите барања, сепак, поради нашиот механизам на одлучување штрајкот би се откажал дури наредниот ден – додава Неделков.

    Лидерот на СОНК предочува дека секој предлог од владата ќе биде презентиран пред членовите на синдикатот, а секоја синдикална организација, односно од секое училиште и секоја градинка во Македонија потоа ќе се чекаат и сумираат одговорите.

    – На нас ни се потребни неколку часа за да добиеме одговор од нашите членови, затоа најверојатно и утре нема да има настава во училиштата – изјави Неделков.

    Синдикалниот лидер посочи и дека за него е неприфатлив предлогот за линеарно покачување на платите, а истакна и дека неговата организација е подготвена да им помогне на своите членови, со цел да ги заштити од притисоците кои одделни директори на училиштата ги вршат врз нив, отвфрлајќи ј можноста дека на вработените е возможно да им се кратат дневници додека трае штрајкот.

    Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, за време на гостувањето на Алсат ТВ, потенцираше дека преговорите со СОНК се интензивираат и дека до крајот на оваа недела се надева на постигнување договор.

    – Како министер за образование и наука подготвен сум да направам отстапки од повеќе инвестициски и други активности кои се дефинирани во програмата за работа на МОН за оваа календарска година, а кои предизвикуваат фискални импликации, се’ со цел да се обезбедат повеќе средства со кои ќе се доближиме до процентот на покачување на платите на наставниците кој го бара СОНК. Ова го побарав и од другите министри во Владата и во истото гледам опција преку која би можеле да постигнеме решение во рамки на социјалниот дијалог со синдикатот. Штрајкот е започнат и бараме решение за надминување на ситуацијата што поскоро. Секако дека Владата ќе достави предлог до синдикатот, кој ќе биде соодветен на буџетските можности и се надевам прифатлив за СОНК. Да ги вратиме децата во училиштата, а потоа ќе дискутираме како ќе се надомести пропуштената настава – рече Шаќири.

    Министерот потенцираше дека СОНК останува да биде важен партнер на МОН во

    креирањето на образовните политики и дека планот е синдикатот да се вклучи во

    изработката на нова национална Стратегија за образование, која ќе биде долгорочна и ниеден министер во иднина нема да може да прави отстапки, а ќе ги опфати сите аспекти на образовниот систем, вклучително и можностите за кариерен и професионален развој на наставниците и за унапредување на економскиот статус.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img