More

    Синдикатите бараат да се прифати амандманот за повисока плата во јавниот сектор

    spot_img

    ССМ апелира амандманот на ребалансот на буџетот поднесен во Собрание да биде изгласан пред најавеното дополнително покачување на цените на  струјата, нафтените деривати, и на основните производи  кои предизвикаат дополнителни ценовни шокови  и дополнителни ќе ја обезвреднат платата на работниците.

    Со предлог амандманот се бара за 2806 денари да се  зголеми основната нето плата на вработените во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон и – институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, армијата, полицијата како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје.

    Тоа според ССМ е согласно зголемувањето на минималната плата  од февруари годинава.

    Од синдикатот информираат дека минатата недела во координација со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ амандманот и официјално амандманот е  доставен до Собранието согласно процедурите, а јавна поддршка е добиена од  Левица,  Демократски сојуз, Социјалистичка партија и ДОМ, додека СДСМ калкулира, а ДУИ  молчи.

    – Очекуваме сите пратеници да го поддржат амандманот на ССМ кој е доставен од пратениците од ВМРО – ДПМНЕ поради тоа што соработката претставниците на работниците и претставниците на народот е значајна алка за унапредување на работничките права и во иднина треба да биде пракса за надминување на сите предизвици – велат од ССМ.

    ССМ смета дека доколку се изгласа ребалансот на буџетот без да се предвидат средства за зголемување на платите во јавниот сектор во тој случај нема да може да се постапи согласно закон и ќе нема средства за усогласување на платите на вработени во јавниот сектор ниту од 01.07.2022 година како што е барањето на ССМ и работниците, а ниту пак за услогласување во Законскиот рок.

    – На тој начин ССМ како единствен репрезентативен претставник на работниците во јавниот сектор е ставен пред свршен чин и е донесена Одлуката за повикување и поведување на штрајк кој ќе се одржи на 22 јуни кога  целиот јавен сектор ќе застане – велат од ССМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img