Силно невреме вчера попладне погоди делови од Србија. Медиумите јавуваат дека во некои места паѓал град со големина на орев.
Во Нови Сад паднати биле неколку дрва, а причинета е и штета на автомобили кои биле паркирани во близина.
Силното невреме било проследено со дожд, грмотевици и засилен ветер, кој предизвикал голема материјална штета.