More

    Се подготвува закон за социјалните медиуми во согласност со европските директиви

    spot_img

    Законската регулатива на Северна Македонија е стопроцентно усогласена со Европската директива за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Преостанува делот за социјални медиуми, кои во моментов не се опфатени со регулација, а кој е уреден со измените на Европската директива од декември 2018 година за што во тек е изработка на нацрт верзија која треба да биде готова во октомври следната година – изјави денеска директорот на Агенцијата за аудио визуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски.

    – Со изменетата директива од декември 2018 година, Македонија треба да го усогласи законодавството и тоа опфаќа повеќе сфери коишто во моментов не се дел на регулација. Тоа се повеќе видео-шеринг платформите и социјалните мрежи, односно социјалните медиуми. Во таа насока од ЕК преку ТАИЕКС проект се понудени, односно веќе работат експерти од земји членки на ЕУ во усогласување на македонската медиумска регулатива со изменетата Директива за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, – рече Трајчевски на регионална конференција по повод 25 години од формирањето на Советот за радиодифузија, чиј правен наследник е АВМУ.

    Тој појасни дека проектоет започнат во септември годинава треба да заврши во септември следната година, кога треба да има нацрт верзија на Законот за медиуми, Законот за АВМУ усогласен со изменетата директива, но и со законите коишто го допираат медиумскиот простор. Тука се и Изборниот законик и други закони коишто имаат допирна точка со медиумскиот простор.

    – Очекуваме следната година во октомври да имаме нацрт верзија која што ќе продолжи во владина и собраниска процедура на усвојување. Со тоа законската регулатива во областа на медиумите ќе биде целосно усогласена со европската регулатива – рече Трајчевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img