More

    Се очекува проруските сепаратисти да заземат уште една стратешки важна позиција во Донбас

    spot_img

    Проруските сепаратисти наводно ја презеле контролата врз градот Лиман во источна Украина, кој е стратешки важен во однос на пристапот до другите градови во Донбас. Украинските власти соопштија дека од почетокот на војната во Северодонецк биле убиени околу 1.500 луѓе. Во исто време, спасувачите во градот Мариупол пронајдоа околу 70 тела под урнатините.

    Проруските сепаратистички сили соопштија дека го зазеле украинскиот град Лиман, кој се наоѓа на патот кон клучните источни градови контролирани од Киев, вклучувајќи ги Краматорск и Славјанск. „Заедно со руските сили ослободивме и презедовме целосна контрола над 220 населени места, вклучувајќи го и Лиман“, напишаа во телеграма претставници од проруската сепаратистичка област Доњецк.

    Жестоките борби, пак, продолжуваат на периферијата на Северодонецк, кој се смета за еден од последните градови во областа Луганск, која се уште е под контрола на украинската армија. Многумина стравуваат дека украинските сили во градот наскоро би можеле да бидат опколени од руски и проруски трупи, пренесува германската новинска агенција dpa. Според украинските власти, од почетокот на војната во градот се убиени околу 1.500 луѓе. Меѓу нив имало и војници и цивили, а од поранешните 130.000 жители, само една десетина останала во градот, изјави денеска началникот на локалната воена управа Олександр Стрјук.

    Според него, градот е цел на постојано гранатирање. Се очекува 60 отсто од станбените згради да бидат целосно уништени, а до 90 отсто од зградите се оштетени и ќе бидат потребни поголеми поправки, рече тој.

    Расте бројот на загинати и во пристанишниот град Мариупол, кој неодамна беше преземен од руските сили. Според заменикот на градскиот совет Петер Андрушченко, спасувачите пронашле околу 70 тела закопани под урнатините во областа на една од поранешните фабрики.

    Поради засилената руска офанзива во источна Украина, претседателот Володимир Зеленски рече дека стравува дека регионот Донбас ќе биде во голема мера уништен. „Градовите ќе бидат уништени и луѓето ќе бидат убиени или киднапирани. Тоа е очигледна политика на геноцид“, додаде тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img