More

    Северина првпат објави фотографија од својот татко

    spot_img

    Иако хрватската пејачка Северина Вучковиќ ретко го покажува семејството на Инстаграм, сега за првпат објави фотографија од покојниот татко Север.

    Објавата на Северина предизвика многу коментари во кои нејзините следбеници пишуваат дека синот на пејачката, Александар, личи на својот дедо.

     

    „Мојот татко Север“, напиша Северина под фотографијата.

    „Александар личи на него“, „Исти сте“, „Се гледа на кого се ќерката и внукот“, „Ист како татко ти“, заклучија следбениците на Северина, а хрватската водителка Кармела Вуков Чолиќ ѝ порача на пејачката: „Се сеќавам на оној концерт, си помислив, од каде ти е силата… Сега знам“.

    – Моето име некаде значи строгост и правда. Таква сум навистина. Тато сакаше да ми го даде името Наташа, но мајка ми го обожаваше татко ми, а тој се викаше Север. Дедо им даваше имиња на децата ширум светот. Верувале или не. Имаше четири сина – Север, Југ, Исток, Запад, а ќерката беше Даница. Меѓутоа, баба ми не го сакаше тоа. Така, потоа татко ми доби уште едно име – открила пејачката во една прилика во една телевизиска емисија.

    Инаку, Северина понекогаш објавува фотографии со својата мајка Ана за кој истакнува дека ѝ е најголема поддршка, личност на која може секогаш да ѝ се обрати.

    ФОТО: Инстаграм

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img