More

    Светот е пред можен економски и климатски колапс

    spot_img

    Војната во Украина и ризиците што судирот ги претставува по светската економија ќе бидат во фокусот на Светскиот економски форум што од денеска се одржува во Давос.

    Соборот се враќа во швајцарското зимувалиште по двегодишна пауза поради епидемијата на коронавирусот, три месеци од почетокот на руската воена интервенција во Украина. Минатата година годишниот состанок се одржа онлајн, а поради омикрон-варијантата на ковид-19 оваа година наместо во јануари се одржува во мај.

    – Нашите први мисли се насочени кон војната во Украина – рече основачот на Форумот, Клаус Шваб на презентацијата на програмата на годинешниот собир.

    Доминантни теми на дискусија на годишниот состанок што ќе трае до четврток ќе бидат војната во Украина, пандемијата на коронавирусот и климатските промени. Учесниците на собирот, меѓу другото, ќе разговараат и за ефектите што војната во Украина ги има врз синџирите на снабдување, безбедноста на храната, како и енергетските предизвици.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува прв да се обрати пред форумот преку видео-линк, додека како гости на состанокот се најавени градоначалникот на Киев Виталиј Кличко и неговиот брат Владимир.

    На четиридневниот собир на швајцарските Алпи, речиси 2.500 учесници од политиката и економијата ќе дискутираат за решенија на меѓународните проблеми. Мотото годинешниот собир е „Историјата на пресвртница: владини политики и деловни стратегии“.

    – Нашето главно барање до светот е: не престанувајте да ја поддржувате Украина – порача синоќа пред медиумите Ивана Климпуш, украинска парламентарка која пристигна во Давос. Таа повика да не и се дозволи на Русија да води нова војна против било кого во регионот.

    – Ни треба оружје, повеќе од било што друго – рече другата украинска пратеничка во Давос, Анастасија Радина.

    Со оглед на санкциите наметнати на Русија, земјата е исклучена од учество на годинешниот состанок во Давос.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img