More

    САД ќе испратат бомбардери Б-1Б на заеднички вежби со Јужна Кореја

    spot_img

    Воздухопловните сили на САД имаат намера да распоредат стратешки бомбардери Б-1Б во заедничка воена вежба со Јужна Кореја во сабота, објави корејската новинска агенција Јонхап, откако Северна Кореја истрела околу 80 проектили врз поморската погранична зона.

    Сеул и Вашингтон од понеделникот ги одржуваат воздушните вежби „Будната бура“, кои се продолжени за еден ден до сабота, како одговор на, како што ги нарекуваат сојузниците, провокациите на Северна Кореја.

    Тоа ќе биде првиот Б-1Б користен во американско-јужнокорејските вежби од 2017 година, објави Јонхап, според кој САД чувале четири бомбардери на својата пацифичка територија Гуам од крајот на октомври.

    Јужна Кореја побара од САД да го зголемат бројот на распоредена „стратешка опрема“, која вклучува носачи на авиони, нуклеарни подморници и бомбардери со долг дострел како Б-1Б.

    Американските и јужнокорејските власти не одговорија веднаш на барањето за коментар.

    Јужнокорејскиот министер за одбрана Ли Јонг-суп, по разговорите со неговиот американски колега Лојд Остин во четвртокот во Вашингтон, изјави дека Соединетите држави се согласиле „да ја зголемат фреквенцијата и интензитетот на распоредувањето на стратешка опрема во и околу Корејскиот Полуостров за да достигнат ниво кое одговара до трајно распоредување на оваа опрема“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img