More

    Руси панично бегаат од Крим, невиден метеж по патиштата!

    spot_img

    По серијата големи експлозии кои ја потресоа руската воздухопловна база Саки на Крим, која се наоѓа на повеќе од 200 километри од линијата на фронтот, голем број Руси решија да го напуштат полуостровот, кој е под руска окупација од 2014 година. Иако Крим нашироко се рекламира како одлична дестинација за одмор, по експлозиите посетителите масовно почнаа да бегаат.

    Според руските власти, најмалку едно лице загинало во експлозиите, а неколку други се ранети. Дали експлозиите се резултат на украинскиот напад или се работи за несреќа во воздухопловната база, засега не е сосема јасно.

     

     

    Украинците на социјалните мрежи ова случување го слават како своја победа, иако не ја презедоа одговорноста за нападот. Русите тврдат дека воздушната база не била нападната, а официјален Киев не презеде одговорност за експлозиите.

    Од друга страна, неименуван украински функционер откри за Њујорк Тајмс дека Украина навистина ја нападнала воздухопловната база со „оружје целосно од украинско производство“.

     

     

    Според моментално достапните информации, Украина не поседува ракети со доволен дострел за да стигне толку длабоко на територијата под руска контрола, се појавија шпекулации за тоа какво оружје би можело да биде тоа.

    Некои тврдат дека можеби станува збор за балистички ракети со краток дострел кои Украина ги развива со години, некои велат дека се пандан на рускиот Искандер, други ги спомнуваат противбродските ракети Нептун кои го потопија крстосувачот Москва, а има и шпекулации дека Американците тајно испратиле MGM.140 ATACMS проектили во Киев кои можат да се лансираат од системот ХИМАРС и чиј дострел е 300 километри.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img