More

    Русија подготвува одговор доколку Финска влезе во НАТО

    spot_img

    Русија денеска предупреди дека ќе мора да преземе „воено-технички чекори“ поради одлуката на Финска да стане членка на НАТО. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека пристапувањето на Финска во НАТО „ќе предизвика сериозна штета на руско-финските односи, како и на стабилноста и безбедноста во северна Европа“.

    – Русија ќе биде принудена да преземе одмазднички чекори од воено-техничка и од друга природа, со цел да ги запре заканите за нејзината национална безбедност што се појавуваат во овој поглед – се вели во соопштението.

    Финска, иако има право да одлучува за начините за обезбедување на сопствената безбедност, „мора да биде свесна за својата одговорност и за последиците од таквиот потег“, додаваат од МНР на Русија.

    Министерството ја обвини Финска дека ги прекршила претходните договори со Русија, со која дели копнена граница долга 1.340 километри, со намера да се приклучи на НАТО.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img